За нас
Цели и задачи
Каде сакаме да стигнеме и што правиме за да стигнеме.
Долгорочни цели
- АСТЕРА да стане препознатлив регионален центар за СТЕАМ едукација, иновации и активно граѓанство.
- Да се создаде трајна инфраструктура за неформално учење достапна за деца, млади и возрасни во Тиквешкиот регион.
- Да се развие стабилна мрежа на домашни и меѓународни партнери, донори и институции.
- Културното наследство на регионот да биде документирано и достапно преку современи дигитални формати.
- Да се зголеми учеството на младите и на ранливите групи во процесите на одлучување на локално ниво.
Краткорочни цели
- Поставување на организациските и оперативните основи на здружението и активна членска база.
- Реализација на првите СТЕАМ работилници и дигитални обуки за деца и млади.
- Воспоставување партнерства со училишта, локалната самоуправа и бизнис секторот.
- Аплицирање на национални и европски програми за финансирање.
- Изградба на волонтерска мрежа и програма за менторство.
Задачи
- Организирање обуки, работилници, кампови, натпревари и настани.
- Изработка на образовни и мултимедијални материјали и алатки.
- Истражувања, анализи и документирање на добри практики.
- Информирање, застапување и кампањи за јавна свест.
- Поддршка на иницијативи на млади, жени и претприемачи.
- Меѓусекторска и меѓународна соработка и размена.